23 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Артета разочаран од летното засилување, уште во јануари ќе го менува со фудбалер на Барселона

Најчитани вести

Иако помина половина од јануарскиот преоден рок, медиумите во Англија се уште очекуваат Арсенал да реализира неколку трансфери со кои би ја подигнал формата и би се подигнал и на табелата во Премиер лигата.

Микел Артета во летниот преоден рок се ослободи од Емилијано Мартинез и на негово место го донесе исландскиот чувар на мрежата, Рунар Рунарсон кој воопшто не покажа квалитети за да го брани голот на „топчиите“.

Токму затоа во Арсенал се размислува тој да биде испратен на позајмица и на негово место да биде донесен нов чувар на мрежата.

Според медиумите во Англија, Арсенал се заинтересирал за услугите на вториот голман на Барселона, Нето кој се наоѓаше на излезна врата од „Камп Ноу“ и во летниот преоден рок.

Сепак, тогаш каталонскиот клуб бараше 18 милиони евра за неговите услуги, сума која е преголема за резервен чувар на мрежата. Доколку Барселона опстои на своите барања, тешко дека Арсенал ќе се убеди да тргне по Нето.

Во овој момент траат преговорите за намалување на неговата цена за тој да може да пристигне на Островот и да биде резервна опција на Бернд Лено.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести