33.8 C
Skopje
Tuesday, August 3, 2021

Арсовски: Понудата на Заев за широка Влада е за реформирано ВМРО-ДПМНЕ

Најчитани вести

Дали ќе имаме зовривање на политичката сцена и што може да очекуваме по предлогот на Заев, политичкиот аналитичар Петар Арсовски во емисијата „Студио 10“ истакна дека овој предлог не треба да се гледа како најава за широка Влада туку како повик за да се одблокираат реформските закони кои подолго време стојат во Собрание.

„Мислам дека мали се веројатностите да имаме жешка политичка пролет. Сепак, понудата на Заев се однесува ВМРО-ДПМНЕ реформирано, односно на партија која би се реформирала без Мицкоски, а шансите за таков идеолошки пресврт во партијата се минимални. Не треба премногу да се чита ова како најава за широка Влада или натпартиска коалиција, мислам дека е повик да се одблокираат реформски закони кои подолго време стојат во Собрание. Во Собранието стана нормална пракса да се блокираат закони со илјадници амандмани и да нема кворум. Мислам дека реформската агенда на која се надева Заев изискува Собранието да биде многу функционално. Тој како што покажа пред некој ден има доволно пратеници за да владее, но можеби нема доволно пратеници за да ги истурка сите закони од кои некои се со 2/3 мнозинство.“ – истакна Петар Арсовски за ТВ 24.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести