7 C
Skopje
Sunday, February 28, 2021

Арсовски: Ослободувањето на Катица Јанева е театар, нема јакна што ќе го покрие срамот

Најчитани вести

По вчерашното пуштање од притвор на Катица Јанева и збунетите реакции на кацарска-судот и русковска-обвинителството како да не знаат што се случува, очигледно е дека сето она што го видовме вчера е само театар и претходно смислено сценарио, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, на прес-конференција.

Тој рече дека ослободувањето од притвор на Катица Јанева е воедно и срамно и смешно.

„Нема јакна што ќе може да го покрие срамот на ова кацарска-судство и русковска-обвинителство. Најпрвин негираа дека има случај, па негираа дека има вмешаност на политичари, па најпосле се утврди дека навистина се вршел рекет и во истиот биле вмешани и политичари и СЈО и сè останато и случајно сите ги изгубија мобилните телефоните. Свесно оставија простор да може Катица Јанева најпрвин да брише и форматира компјутери, потоа да губи мобилни телефони додека е на плажа и на крај да ги избрише сите докази што се неопходни за постапката“, вели Арсовски.

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Зоран Заев на лидерската средба пред неколку месеци најавил дека ќе мора да се ослободи од притвор Катица Јанева, а потоа рекол дека тоа се лаги.

„Денес веќе е јасно за какво организирано сценарио се работи каде што театрално глумат и се караат Русковска и Апелација, па ќе се пријавуваат во полиција каде што министерот е најблизок на Зоран Заев и во спрега со ова обвинителството, за на крај Зоран Заев да тврди дека е потребно ветинг по негова мерка. Истрагата се водеше и продолжува да се води аматерски и заштитнички кон криминалот. Сè што се прави е пазарења и обид да се спаси главата на октоподот, а тоа сите знаеме дека се наоѓа на Илинденска бб во Владата. Стравот да не пропее Катица Јанева или другите обвинети е резултат на сето ова што се случува каде што се исполнуваат нечии желби.
Смешно и жално е ова што се случува во правосудството“, додаде Арсовски.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести