18.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022

Арсовски: Ниту Ковачевски е шеф на државата, ниту СДСМ е државотворна партија

Најчитани вести

До крајот на француското претседателство со ЕУ има уште два месеца време за позитивен резултат во однос на кревањето на бугарското вето за почеток на преговори, но министерот за надворешни работи Бујар Османи не е сигурен дека во јуни Македонија ќе добие датум за преговори за членство во Европската Унија.И денес СДСМ продолжува громогласно да молчи за партиската забава на ДУИ во Липково на која беше свечено отворен споменик на УЧК. Втор ден оваа во наводници моќна и државотворна партија, како што сака самата да се прикаже собира храброст, размислува и премерува, како и дали да реагира, а притоа да не го налути својот коалициски партнер ДУИ во врска со вчерашниот настан во Липково. Втор ден, анализирајќи како да постапат, од СДСМ несакајќи ја испратија најсилната порака до граѓаните на оваа земја, изјави на денешната прес-конференција Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Арсовски додаде дека ниту Ковачевски е премиер на оваа држава, а ниту СДСМ е стожерната партија во Владата. Настанот во Липково е уште еден во низата докази дека вистинската титула за Ковачевски е „изведувачот на работите“, бидејќи повеќе од очигледно е дека Али Ахмети е вистинскиот премиер на Република Македонија.

Истиот Димитар Ковачевски кој себеси се замислува за премиер, учествувајќи на сите коктели, службени вечери и гала настани, со насмевка аплаудирајќи, гордо стави печат на легитимитет на проектот Скопје 2014, денес внимавајте со громогласен молк храбро ја верификува приватната забава во Липково организирана од неговите наредбодавци и шефови во ДУИ.

Арсовски итакна дена во првите 100 дена по избор на Ковачевски за премиер на површина излезе слабиот човечки материјал од кој што е направена оваа личност која што се вика Димитар Ковачевски кој што сите знаеме дека случајно залута во врвот на македонска политика, ниту замислувал, ниту па сакал да биде на оваа позиција. Ковачевски го започна мандатот со крајната лична сервилност и подреденост кон понижувањата што доаѓаат на адреса на Република Македонија и на граѓаните на Република Македонија од страна на соседна Бугарија, а кои кулминираа со срамниот чин на отворање на културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, а гледаме, не очекувавме ништо поинаку дека ги завршува првите 100 дена владеење повторно со лична сервилност и повторно со нова подреденост кон ДУИ.

ВМРО-ДПМНЕ со сите инструменти што ги има на располагање ќе продолжи од оваа позиција да придонесува Македонија да чекори напред и да го понуди најдоброто што го има. Подадената рака од наша страна кон Димитар Ковачевски е затоа што сме уверени дека времињата се драматични, а грешките кои што се случуваат и ги прават може да бидат ненадоместливи. Очекуваме одговор во врска со нашата понуда бидејќи знаеме дека влогот е Република Македонија! Тој е претседател на владата на оваа држава и народот и сите останати очекува мудри одлуки. Не очекуваат да молчи, не очекуваат да се крие како што тоа го прави изминатите 100 дена, изјави Арсовски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com