21.8 C
Skopje
Friday, September 24, 2021

Арсовски: Никој не верува дека Заев не е вмешан во случајот Рекет

Најчитани вести

„Заев со своите пипци навлезе во сите пори на општеството. Граѓаните се жртви на криминалното работење на власта. Никој во Република Македонија не верува дека човекот кој е три пати амнестиран за тежок криминал, Зоран Заев, не е вмешан во најголмата корупциска афера во поновата македонска историја, случајот Рекет.
Единствена партија во Македонија која застана во заштита на криминалот во Македонија е СДСМ“, посочи портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Димче Арсовски, на денешната прес конференција.


„Што се случи одговорноста, кривична и политичка за Курто Дудуш, градоначалник од редовите на СДСМ кој во својот кабинет малтретираше граѓанин? Што се случи со ,,Leonardo will win” и одговорноста за Драги Рашковски кој навреди пријателска држава, ги навреди нашите сограѓани, а постојат и сериозни индиции за криминал?
Кои се Кики и Фрики, дали Зоран Заев знае кои негови сопартијци се вмешани во аферата Рекет, дали тие се дел од операцијата за рекетирање и уценување на македонски бизнисмени?


Во медиумите се шпекулира дека Катица Јанева учестувала во рекетот, зошто таа не е осомничена, зошто Јанева не е во притвор?


Правдата во Македонија ќе се врати кога Зоран Заев ќе си замине од македонската политичка сцена. Кога ќе се врати правдата ќе одговараат сите!’, рече Арсовски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com