35.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

Арсовски: Додека новинари протестираа, полицијата влезе во уште еден медиум што не е под контрола на СДСМ

Најчитани вести

Денеска во моментите кога се одржуваше протестот против кривичен и политички прогон кон новинарите и медиумите кои се критички настроени кон власта, ОЈО и полицијата влегоа во уште еден медиум кој не им е под контрола на СДСМ и Зоран Заев и ги тероризирале новинарите, обвини Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Замислете, додека новинари протестираат против кривичен прогон на новинари и медиуми, МВР вршеше претрес во медиумот ‘Нет пресс’ поради објавен скандал каде што има сомнеж за сериозен криминал. Каква перверзија. Очигледна е намерата на власта да ја спушти завесата пред јавноста и да ги замолчи медиумите и новинарите вршејќи им кривичен прогон. Почитувани граѓани, среќна нова 49. Власта на Заев врши кривичен и политички прогон кон уредништвото на порталот ‘Нет пресс’ и уредникот Дејан Николовски. Власта на Заев, преку ОЈО и УЈП врши и кривичен и политички прогон кон новинарот Горан Момироски и кон телевизијата Алфа. УЈП ја тероризира и пречи во функционирањето на телевизија Алфа наназад одреден период. Власта на Заев врши кривичен и политички прогон кон уредништвото на ‘Инфомакс’ и уредникот Александар Митовски. Власта на Заев врши кривичен и политички прогон и кон уредништвото на порталот ‘Лидер’ и уредникот Љупчо Златев“, рече Арсовски.

Сите овие медиуми и новинари, додаде тој, се таргет на власта и на ОЈО само затоа што ја изнесуваат вистината, болната вистина на виделина за криминалот што го прави оваа влада откако е на власт.

„Љубомир Јовевски, ОЈО и МВР се ставаат во функција на заштита на криминалот на Зоран Заев, Рашковски, Кирацовски, Анѓушев, Спасовски, Филипче, Ден Дончев и сите други криминалци од власта на СДСМ. Додека криминалците и рекетарите шетаат слободни и продолжуваат да рекетираат, уценуваат, прогонуваат и тероризираат, за што е сведок и целата јавност, се гонат медиуми кои го објавуваат криминалот на оваа криминална банда на власт. Апелираме до СДСМ и до власта, прекинете да вршите кривичен и политички прогон кон медиуми-новинари кои не ви се наклонети и кои не се под ваша контрола“, рече Арсовски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести