3.8 C
Skopje
Tuesday, November 30, 2021

Арсовска: По пат на приоритетност ќе се решаваат проблемите во Општина Ѓорче Петров

Најчитани вести

„Скопје стагнира, обвиено е во сивило и е премногу загадено. Проблемите во Скопје можат да се решат со ефикасни и брзи решенија. За реализација на проектите од мојата програма не е потребен цел градоначалнички мандат, сукцесивно и со внимателно креиран план, можат да се решат сите проблеми. Цели заборавени населби има во моментов во Општина Ѓорче Петров, без основни услови за живот како што се чиста вода за пиење, атмосферска канализација и неасфалтирани улици. Потребно е итно делување во населените места Волково, Кучково, Даме Груев, Ново Село, Орман и Никиштани и Кисела Јабука“ – им порача на вечерашната средба на жителите од Ѓорче Петров, Данела Арсовска, независната кандидатка за градоначалник на Скопје.

Таа пред нив се обврза на сообраќаен ред наместо хаос каков што има во моментов, паркови и зеленило наместо бетон и згради на секој ќош, чистење на дивите депонии, наместо отпад на секоја страна.

„Уште за време на предизборната кампања во првиот круг од изборот за градоначалник на Град Скопје, заедно со мојот тим детектиравме проблеми од секоја скопска населба и се обврзуваме дека ќе работиме на принцип на нивен приоритет со цел да започнеме еден по еден да ги решаваме. Како дел од проектите од мојата програма за општина Ѓорче Петров е проширување на кракот на булевар Теодосиј Гологанов до раскрсница со бул. Ѓорче Петров и изградба на сообраќајница со четири ленти, инфраструктурни проекти значајни за општина Ѓорче Петров, два нови кружни тека, еден на влезот во Ѓорче Петров од Сарај и друг на улица Македонска војска. Еден од петте мега паркови ќе никне токму во оваа општина, а исто така ќе направиме и нови велосипедски патеки со што ќе се овозможи подобро поврзување со останатите општини„ – истакна Арсовска.

Жителите иако признаваат дека се изморени од празни ветувања и ветени, а нереализирани проекти, сепак гледаат надеж во програмата на кандидатката Данела Арсовска и позитивно реагираат на решенијата што ги нуди. Таа пак, на средбата уште еднаш ги повика да ја поддржат нејзината визија за модерно и современо Скопје и да го искористат своето право на глас на 31 октомври.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com