4.8 C
Skopje
Thursday, October 28, 2021

Арсовска нема да го тужи Шилегов

Најчитани вести

На прес конференцијата одржана денеска од кандидатката за градоначалник на Град Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, одговарајќи на новинарско прашање, коментираше за вчерашното обвинување од страна на пратеничката Силјановска за нападите на Арсовска од Шилегов.

Силјановска вчера вечер на митингот во Чаир, кажа дека никаде досега не е сретнат пример на таканаречен „контраспот“ во компаративното медиумско право.

Арсовска, помалку нервозно и збунувачки, притискајќи ги картончињата за говор, изјави дека најголемата казна за наводната црна кампања што ја водел Шилегов е тоа што ќе ги изгубел изборите на 17-ти октомври.

„Верувам дека тие работи што ги прави со црната кампања се само одраз на страв. Затоа што човек што нешто направил, ќе го покаже тоа што ќе го направил, ќе се покаже со своите резултати и ќе го бара мандатот базирано на резултати. А не со тоа што ќе напаѓа жена“, вели Арсовска.

За разлика од црната кампања која со години ВМРО-ДПМНЕ, партијата која ја поддржува Арсовска во изборната трка, ја води против актуелниот градоначалник и кандидат, Петре Шилегов, јасно е дека обвинувањата од Силјановска, но и од Арсовска, се паушални и неосновани.

Промотивниот спот, кој го спомнува Силјановска на митингот, не е ништо друго освен демант на лажните тврдења на Арсовска.

Воедно, Арсовска додаде дека нема намера да покрене било каква постапка или тужба против Шилегов.

ГОЛЕМА И ИСКРЕНА БЛАГОДАРНОСТ ДО ПРОТИВКАНДИДАТКАТА ДАНЕЛА АРСОВСКА

Упатувам голема и искрена благодарност до противкандидатката Данела Арсовска. Кога станува збор за избори, многу ретко се случува да ја видите вашата конкурентка така енергично и неуморно да ги набројува вашите најуспешни проекти.#ЧекорПоЧекор #СкопјеЕднаПоинакваПриказна #НајдобротоЗаСкопје

Posted by Петре Шилегов on Saturday, October 2, 2021

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com