-9.2 C
Skopje
Thursday, January 20, 2022

Арсовска: Заслужуваме подобро, заедно ќе успееме за наше и единствено Скопје!

Најчитани вести

Пред 30 години на денешен ден Македонија ја прогласи својата
независност. Се исполни сонот на сите нас, но и на многу генерации пред
нас! Се исполни копнежот за независна држава. Скопје, тој ден беше
центар на една силна емоција, надеж, остварен сон.

Низ овие триесет години Скопје ја делеше судбината на скопјани и на
Македонија. Нашиот град имаше и повеќе и помалку убави моменти… Но,
она што сите го гледаме пред сопствените очи е дека Скопје ја губи
својата душа, својата функционалност, својот шарм. Денес Скопје
стагнира.

Наместо во здрава и чиста животна средина, денес скопјани живеат во
загаден и нечист град. Наместо европско, паметно и напредно Скопје, се
соочуваме со проблеми кои се за минатиот век. Патот до развиено и
модерно Скопје не е лесен. Бара лична жртва и многу труд. Мораме да го вложиме целиот свој потенцијал за да излеземе на крај со бројните
проблеми вели кандидатот за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com