13.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Арсовска го игнорира постоењето на ЛАЈКА, додека кучиња сами се враќаат повторно во прифатилиштето (ВИДЕО)

Најчитани вести

Стационарот за бездомни кучиња – Лајка, објави видео клип на кој се гледа како куче се обидува да ја прескокни надворешната ограда и да се врати во стационарот. Данела Арсовска, пак, кандидатката за градоначалник на Скопје поддржана од ВМО-ДПМНЕ, го игнорира постоењето на стационарот Лајка.

„Лајка“ е првата алка во синџирот за хумано решавање на проблемот со кучињата скитници, како и намалување на нивниот број на скопските улици.

Со отворањето на стационарот, Скопје е еден од ретките градови во регионот кој има сопствено јавно претпријатие кое не е веќе дел од „Комунална хигиена“, во кое работат обучени луѓе.

– „Лајка“ не е само објект, тоа е еден сосема поинаков концепт во третманот на бездомните животни, истакна градоначалникот Шилогов на отворањето.

Каде и зошто ова куче се обидува само повторно да се врати, кога Арсовска го игнорира постоењето на ЛАЈКА?

„Ново куче што ни се враќа само повторно во прифатилиштето откако е вратено на локација каде што е најдено согласно закон. Очајнички обид да ја прескокне оградата и да се врати таму каде што се чувствува безбеден, сигурен и сакан. Досега над 40 кучиња ни се имаат вратено сами што е доказ дека третманот кој го добиваат од Лајка е повеќе од хуман. Овие искуства иницираат одредени законски измени, нешто на што во блиска иднина ќе се посветиме“, велат од Лајка.

Нов ден, нови предизвици за нашиот тим🐾Ново куче што ни се враќа само повторно во прифатилиштето откако е вратено на локација согласно закон😒Очајнички обид да ја прескокне оградата и да се врати таму каде што се чувствува безбеден, сигурен и сакан. ℹДосега над 40 кучиња ни се имаат вратено сами што е доказ дека третманот кој го добиваат од Лајка е повеќе од хуман.⏳Овие искуства иницираат одредени законски измени, нешто на што во блиска иднина ќе се посветиме.

Posted by ЈП Лајка Скопје on Tuesday, October 12, 2021

Кандидатката за градоначалник на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска во објава на Фејсбук, говори за потребата од стационар, а не ја спомнува Лајка.

„На Скопје му е потребен стационар за трајна грижа до вдомување на бездомните кучиња, со што трајно ќе се реши проблемот. Потребни се системски решенија за обезбедување 24 часовна ветеринарна служба во рамки на стационарот, со неопходна грижа и стерилизација со крајна цел намалување на бројот на бездомни кучиња.“, напиша Арсовска.

Зошто Арсовска го игнорира постоењето на модерниот стационар за бездомни животни ЛАЈКА?

Како што може да се погледне од прилогот што Фронтлајн го подготви лани, Јавно претпријатие за благосостојба на животни скитници – ЛАЈКА, кое за неполна година има вдомено повеќе од 400 кучиња, постои веќе една година и за бездомните животни обезбедени се сите основни и пропратни услови што еден стационар треба да ги поседува.

Со реконструкцијата и проширувањета на стационарот „Лајка“, покрај подобрувањето на условите, во однос на поранешниот стационар „Вардариште“, двојно е зголемен неговиот капацитет, поточно внатрешниот капацитет е зголемен од 81 на 100 внатрешни апартмани за кучиња со подно греење и дополнително се изградени и 60 надворешни боксови за кучиња.

Состојбата во која го затекнавме претходниот стационар не ги задоволуваше основните стандарди и услови што се очекуваат за хуман третман на уличните кучиња објави градоначалникот на Скопје Петре Шилог во прилог на видеото во кое е споредена состојбата на претходниот стационар, со стационарот Лајка сега.

СТАЦИОНАР ЛАЈКА

Состојбата во која го затекнавме претходниот стационар не ги задоволуваше основните стандарди и услови што се очекуваат за хуман третман на уличните кучиња. Извршивме целосна реконструкција, создавајќи модерен стационар по најнови европски стандарди. Затоа што веруваме дека работите секогаш може да ги направиме подобри!#ЧекорПоЧекор, Скопје една поинаква приказна…

Posted by Петре Шилегов on Monday, October 19, 2020

Американската амбасадорка Кејт Брнз, придружувана од својот сопруг Лери Скот Гејџ, неодамна го посети ЈП „Лајка“. Директорката Тина Петрушевска ја запознала амбасадорката со тековните активности и со долгорочната мисија на претпријатието кое се грижи за благосостојбата на бездомните кучиња на територија на град Скопје.

Амбасадорката Брнз ја посетила и ветеринарната служба на прифатилиштето каде се спроведува хуманиот третман, а исто така во паркот за миленици се дружела со дел од кучињата подготвени за вдомување.

И покрај сите заложби и посветеност на надлежните и вработените во Лајка, Данела Арсовска упорно го игнорира или не знае за постоењето на стационарот во градот каде претендира да стане градоначалник.

Од кампања, Данела ветила дека ќе ја отвори Лајка. Дај бе прошетајте ја низ Скопје веќе еднаш, да види што сè има, вели советникот од Град Скопје, Васко Лазаревски, коментирајќи ја нејзината објава.

ВМРО-ДПМНЕ уште при самото отворање на Лајка на секаков начин се обиде да ја „минира“ работата на стационарот, па останува прашањето, зошто Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ инсистираат да игнорираат модерен стационар за благосостојба на животни скитници како што е Лајка?

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com