18.8 C
Skopje
Saturday, April 1, 2023

Арсенал пет години ќе го отплаќа трансферот на Пепе

Најчитани вести

Арсенал е пред ангажман на офанзивниот фудбалер на Лил, Никола Пепе за вкупна сума од 72 милиони фунти, но парите нема да ги даде наеднаш.

Англиските медиуми го откриваат начинот на кој ќе биде плаќан трансферот на Пепе во Арсенал.

Англискиот клуб ќе плати 20 милиони фунти веднаш, а останатите 52 милиони ќе ги исплаќа на рати во текот на наредните пет години.

Во наредните денови се очекува Пепе да се појави на медицински тестови во Арсенал по што ќе стави потпис на договорот.

Тој ќе биде најскапиот фудбалер кој Арсенал некогаш го купил.

Најнови вести