Home » Арсенал не запира со засилувања, подготви 100 милиони за Нкунку

Арсенал не запира со засилувања, подготви 100 милиони за Нкунку

by Журнал.мк

Само неколку часа откако го договори трансферот Фабио Виеира од Порто, Арсенал почна да работи на засилување во нападот и челниците на „топчиите“ подготвија 100 милиони евра за играчот на Лајпциг, Кристофер Нкунку, пишува „Индепендент“.

Доколку се реализира трансферот, Нкунку би станал најскапото заилување во историјата на Арсенал. Засега рекорден трансфер на „топчиите“ е тој на Никола Ппеп за кого на Лил му платија 80 милиони евра.

Доколку не успеат да го реализираат трансферот на Нкунку кој во штотутку завршената сезона во Бундеслигата постигна 20 гола и имаше 14 асистенции во дресот на Лајпциг, алтернатива е Габриел Жесус.

Со доаѓањето на Ерлинг Халанд, Жесус е прекуброен во нападот на Манчестер сити и веќе побара од управата да го стави на трансфер листата.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More