Се очекуваше Арсенал да биде најнеактивниот тим во летниот преоден рок откако се шпекулираше дека Емери ќе има само 50 милиони фунти за трошење на трансфери.
И тоа беше така се до пред неколку дена кога Арсенал ги обезбеди потписите на Вилијам Салиба и Дани Себалјос, а сега е пред ангажман и на Николас Пепе кој е договорен и наскоро се очекува да слета во Лондон.
По Пепе во клубот се очекува да пристигне и фудбалерот на Селтик, Кјеран Тирни, но со неговиот ангажман нема да престанат засилувањата во Арсенал.
Како што пишува „Дејли Стар“ од таборот на лондонскиот клуб се заинтересирани во своите редови да го донесат стоперот на Јувентус, Даниеле Ругани.
Ругани би пристигнал на „Емирејтс“ како позајмен фудбалер без право на целосен откуп на неговиот договор.