Арсенал е разочаран од Кошчиелни, капитенот одбил да патува на подготовките во САД

Share on facebook
Share on twitter
Share on whatsapp
Share on google
Share on linkedin
Share on email
Share on print

Арсенал е разочаран од односот на капитенот Лорен Кошчиелни кој одби да патува на подготвителната турнеја во САД со остатокот од тимот.

Се очекуваше дека Французинот ќе биде дел од составот на Арсенал кој денеска отпатува во САД, но 33-годишниот фудбалер остана во Лондон да ги бојкотира подготовките.

Причината е тоа што сака да се врати во Франција и побарал од Арсенал да го ослободи од договорот кој му истекува за една година.

„Лорен Кошчиелни одби да патува на подготвителната турнеја во САД. Многу сме разочарани со однесувањето на Лорен кое е против нашите јасни инструкции. Се надеваме дека ќе најдеме решение за оваа ситуација и засега нема да даваме дополнителни коментари“, стои во соопштението на Арсенал.

Кошчиелни во Арсенал пристигна во 2010 година, оттогаш има 255 настапи за клубот и постигнато 22 голови.

Џ.И.

Оставете коментар

Актуелно

@2019 – Новинска агенција ЖУРНАЛ. Сите права се задржани.

Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.