-2.2 C
Skopje
Monday, January 17, 2022

Арнаутовиќ: Се повеќе жалам за реакцијата кон Алиоски

Најчитани вести

Австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ доби суспензија од еден натпревар за навредите што му ги упати на македонскиот репрезентативец Езџјан Алиоски во победата на Австрија против Македонија од 3-1. Пред да ја добие казната, Арнаутовиќ прво се извини преку медиумите, а потоа и преку социјалните мрежи на македонски и албански јазик. Денес тој повторно изрази жалење поради неговата бесна реакција.

„Со оглед на тоа дека сум татко на две ќерки и свесен сум за моето влијание, посебно кај децата, жалам сѐ повеќе поради мојата реакција. За жал, постоеше провокација на која реагирав бесно, но нема оправдување за тоа што се случи. По натпреварот ние зборувавме и се извинивме еден на друг. Ќе донирам и 25.000 евра во Австрија, но за жал нема да можам да играм утре против Холандија, сепак ќе го дадам мојот максимум во следниот меч со Украина“, напиша Арнаутовиќ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com