0 C
Skopje
Monday, January 18, 2021

Армијата ќе се поднови со 33 лесни оклопни возила

Најчитани вести

Откако собраниската Комисијата за одбрана и безбедност даде поддршка за набавка на лесни оклопни возила за потребите на Армијата, се очекува Владата на својата наредна седница, на 24 декември, да склучи договор со американската администрација, соопшти денеска Министерството за одбрана.

„Договорот се однесува на набавка на 33 лесни оклопни борбени возила наменети за опремување на лесна пешадиска баталјонска група, која како членка на НАТО ќе је декларираме да биде на располагање на Алијансата. Оваа единица ќе учествува во НАТО операции и нејзината способност ќе биде индикатор за нашата подготвеност да ги преземеме обврските како земја членка“, се наведува во соопштението.

Министерството посочува дека набавката на возилата е само почеток во опремувањето на лесната пешадиска баталјонска група кое ќе се одвива во две фази, при што во првата фаза, која трае од 2019 до 2024 година, треба да бидат набавени вкупно 151 возило.

„Лесните оклопни возилата се дел од планот за целосна модернизација на Армијата кој е веќе почнат и ќе се одвива етапно во наредните години. Во таа насока за 2020 година е предвидено околу 20 проценти од буџетот во одбраната да се намени за модернизација на капацитетите“, велат бод МО.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести