26.8 C
Skopje
Sunday, August 1, 2021

Аријан Адеми: Сити е од друга планета, но можеме да бидеме втори

Најчитани вести

„Манчестер Сити е екипа која е од друга плнаета, но затоа можеме рамноправно да се носиме со Шахтар и Аталанта“, вели македонскиот репрезентативец и капитен на Динамо, Аријан Адеми.

Загрепски Динамо ќе го запише седмиот настап во групната фаза од Лигата на шампиони, а овој пат се падна во групата Ц заедно со Мначестер Сити, украинскиот шампион Шахтар и дебитантот од калчото, Аталанта.

„Имаме реални шанси против Аталанта и Шахтар и верувам дека Динамо може да ја мине групата“, оптимист е Адеми.

Аријан е на списокот на селекторот Игор Ангеловски за претстојните квалификациски натпревари со репрезентацијата на Македонија. Со Динамо прв предизвик во Лигата на шампионите ќе му биде Аталанта и тоа на 18 септември во Загреб.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести