Пејачката Аријана Гранде поднесе тужба против модната компанија „Forever 21“ за злоупотреба на нејзиниот имиџ за зајакнување на продажбите, објавија „Ројтерс“ и „Пипл“.
Судската постапка, поднесена од 26-годишната Гранде во федералниот суд во Лос Анџелес, е за „најмалку 10 милиони долари“.
Според текстот во тужбата, од компанијата „Forever 21“ искористила за својата рекламна кампања, инспирирана од „7 Rings“ на Ариана Гранде, модел, кој неверојатно личи на поп-sвездата.
Во објавите на Instagram, компанијата исто така користеле текст, видео и аудио на предметното парче без дозвола. Ова се случи откако Гранде одби порано во годината да се приклучи на заедничката маркетинг кампања на „Forever 21“ и придружниот бренд „Riley Rose“, бидејќи компензација била „недоволна за уметник од нејзина класа“.
Аријана Гранде тврди дека „Forever 21“ наштетила на нејзиното име, имиџ и права, оставајќи впечаток дека потрошувачите водат кампања со нејзина поддршка.
Гранде има над 65 милиони следбеници на Твитер и над 163 милиони на Инстаграм. Суштински дел од фан-базата на пејачката се преклопуваат со целните пазари на „Forever 21“ и „Riley Rose“, забележува Ројтерс.