6 C
Skopje
Monday, May 10, 2021

Аријана Гранде повторно пееше во Манчестер по терористичкиот напад

Најчитани вести

Светската ѕвезда Аријана Гранде вчера повторно настапи пред публиката во Манчестер по терористичкиот напад што се случи на нејзиниот концерт во 2017 година на кој загинаа 22 нејзини обожаватели. Неколку недели подоцна таа одржа и хуманитарен концерт за жртвите од нападот. Концертот на пејачката беше во рамките на настанот поврзан со правата на ЛГБТ-заедницата.

Гранде веднаш на публиката ѝ откри дека е полна со емоции и дека Манчестер има посебно место во нејзиното срце.

„Среќна сум, ама и малку нервозна што сум со вас. Фала што ме поканивте да ви пеам, овој град секогаш ќе има посебно место во моето срце“, рече таа на почетокот на концертот.

Аријана пееше 35 минути, а настапот го почна со песната No Tears Left To Cry, првата што ја сними по терористичкиот напад на нејзиниот концерт. Во публиката беа и фанови што биле на концертот пред две години. За потсетување, на концертот што Гранде го одржа во 2017 година, загинаа 22 лица, а имаше и многу повредени фанови. Потоа пејачката направи пауза од речиси една година и често велеше дека не може да се соочи со фактот што на нејзин концерт се случи толку трагичен настан.Текстот Аријана Гранде повторно пееше во Манчестер по терористичкиот нападе превземен од Reporter.mk.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести