10.8 C
Skopje
Sunday, September 26, 2021

АРИЈАНА ГРАНДЕ ГИ ПОКАЖА ФОТОГРАФИИТЕ ОД ВЕНЧАВКАТА: Зошто сите ѝ прогнозираат само 6 месеци брак?

Најчитани вести

27-годишната Аријана Гранде се омажи за Далтон Гомез, 25-годишен продавач на луксузни недвижнини.

Двојката изненадно се венча во нејзиниот дом во Калифорнија, на почетокот на овој месец.

Пејачката објави нови фотографии на Инстаграм, на кои може да се види дека носеше венчаница од Вера Ванг и краток вел.

Двојката се сврши минатиот декември по нешто помалку од една година врска. На венчавката имаше само 20 лица, церемонијата беше интимна, а пријателите велат дека Аријана е пресреќна.

Пејачката живее во населба каде нејзини први соседи се Опра Винфри, Елен де Џенерис, принцот Хари и Меган Маркл.

Сите пријатели беа изненадени од одлуката на пејачката да се омажи набрзина, и тоа само во присуство на нејзините родители и најблиските луѓе. Но, и покрај брзата венчавка, сите велат дека е среќна.

Сепак, нејзините обожаватели не можат да престанат да испраќаат коментари во кои предвидуваат само 6 месеци брак. „Предбрачен договор – задолжителен!“; „Мора да има квота во обложувалницата за тоа колку долго ќе трае нивниот брак.“; „Ќе биде готово до Божиќ“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com