15.8 C
Skopje
Monday, October 25, 2021

Арифи презентираше план за гасификација на Тетово, oпштината ќе субвенционира приклучoци

Најчитани вести

Во рамки на предизборната кампања, тетовската градоначалничката и кандидатка за нов мандат од ДУИ, Теута Арифи, денеска соопшти дека во следните четири години во општина Тетово ќе почне гасификација и го презентираше планот.

-Во следните четири години, 50 отсто од планираната дистрибутивна мрежа ќе се изгради во општина Тетово, во согласност со постојната физибилити-студија спроведена во 2014 година и финансирана од Министерството за транспорт и врски. Гасификацијата ќе им овозможи на домаќинствата, индустриите и деловните субјекти да имаат алтернативна енергија, чиста, еколошка и многу подобра. Цената на новите врски ќе биде помала од 100 евра и општината делумно ќе ги субвенционира овие трошоци за сите семејства и целосно за семејствата со социјална помош, изјави Арифи.

Во тек е постапката за јавно-приватно партнерство во Министерството за економија која треба да биде завршена до крајот на 2021 година со цел изнаоѓање приватна компанија која ќе има обврска да дизајнира, изгради и одржува дистрибутивна мрежа.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com