0.8 C
Skopje
Thursday, January 20, 2022

Аргентинците се чудат: Три дена бевме во Бразил, никој ништо не ни рече, но дојдоа кога почна мечот

Најчитани вести

Аргентина иако знаеше за протоколите во Бразил, се обиде да „прошверцува“ четворица фудбалери кои според бразилските закони требаше да одат во карантин бидејќи доаѓаат од Велика Британија. Наводно Аргентинската фудбалска федерација се договорила со Бразилската фудбалска федерација овие фудбалери да можат да играат.

Но, очигледно не биле консултирани бразилските власти. Од друга страна пак нејасно е како четворицата фудбалери влегле во Бразил без да бидат ставени во карантин. Не само што влегле туку три дена биле во земјата пред натпреварот. Бразилските власти не реагирале во овој период, туку чекале да почне мечот.  

Аргентинската фудбалска федерација излезе со соопштение кое ви го пренесуваме во целост: „Аргентинската фудбалска федерација ја изразува својата длабока непријатност поради прекинот на натпреварот меѓу Аргентина и Бразил во Сао Паоло“. „Како Бразилската фудбалска федерација, така и ние од Аргентинската фудбалска федерација сме изненадени од акцијата на властите откако натпреварот почна. Треба да биде потенцирано дека нашата делегација беше на територијата на Бразил од 3. септември од 8 часот изутрина, почитувајќи ги сите протоколи од КОНМЕБОЛ за нормално одржување на квалификациите за СП во Катар 2022“. „По извештајот од официјалните лица на ККОНМЕБОЛ и судиите на мечот, информацијата ќе биде проследена до ФИФА во согласност со важечките регулативи“. „Фудбалот не треба да доживува вакви епизоди кои го поткопуваат спортскиот момент на едно вака важно натпреварување“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com