4.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Аргентински свештеници силувале глуви деца

Најчитани вести

Двајца католички свештеници и еден поранешен градинар од училиштето за глуви деца , која го водела Црквата , се осудени по 28 точки на обвинението за сексуално злоставување малолетници.

Свештениците Никола Коради и Хорасио Корбабо се осудени на 42 и 45 години затвор, додека поранешниот градинар Армандо Гомез доби 18 години. Првите обвиненија против двајцата свештеници и градинарот излегоа на виделина пред три години.

Пресудата, прочитана од судиите Карлос Дијаз, Маурисио Хуан и Анибал Кривели, беше јавно пренесувана преку медиумите во Аргентина.

Пресудите не можат да се обжалат. Обвиненијата против осудените тројца беа поднесени од повеќе од 20 ученици на институтот за глуви ,,Антонио Проволо”, лоциран во градот Мендоза.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com