21.8 C
Skopje
Friday, September 24, 2021

Аргентина повторно ќе гори – Суперкласико во полуфиналето на Копа Либертадорес

Најчитани вести

Вечните ривали на аргентинскиот фудбал Ривер Плејт и Бока Јуниорс ќе се сретнат во полуфиналето на Копа америка, една година подоцна по легендарниот финален двомеч, во кој Ривер Плејт, на „Сантијаго Бернабе“ во Мадрид се радуваше на трофејот во Копа Либертадорес.

Ривер Плејт одигра нерешено 1-1 нагости против Церо Портено што беше доволно за вкупна победа од (3-1), а ден порано Бока Јуниорс ремизираше 0-0 со Кито и со вкупни 3-0 се пласираше во полуфиналето на Копа Либертадорес.

За потсетување минатогодишниот финален двомеч го проследија голем број инциденти во главниот град на Аргентина, а реваншот наместо на стадионот на Ривер Плејт, се одигра на „Сантијаго Бернабе“ во Мадрид, каде Ривер по продолженија се радуваше на титулата континентален шампион.

Првиот меч ќе се игра на 1. или 2. октомври на легендарната „Ла Бомбонера“, додека реваншот на „Монументал“ е закажан за 22. или 23. истиот месец.

Во второто полуфинале се среќаваат бразилските Фламенго и Гремио.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com