Аргентина и Чиле на отворањето на Копа Америка

0

удбалските репрезентации на Аргентина и Чиле наредната година ќе го отворат првенството на Јужна Америка, популарната Копа Америка.

Натпреварот ќе се одигра на 12 јуни, на „Монументал“ стадионот на Ривер Плата. Овие две селекции на последното издание на Копа Америка го играа натпреварот за третото место, а претходно два пати се среќаваа во финалето.

Тимовите за ова издание на Копа Америка се поделени во зони, односно ќе играат во две групи, што е промена во однос на досегашниот систем кога првата фаза се играше во три групи составени од четири репрезентации.

Покрај Аргентина и Чиле во А-групата се Австралија, Парагвај, Боливија и Уругвај. Б-групата ја предводи бранителот на трофејот Бразил, а останатите репрезентации се Колумбија, Катар, Венецуела, Еквадор и Перу.