Основното јавно обвинителство поднело обвинителен акт против жител на скопското село Арачиново кој е обвинет за незаконско поседување оружје и распрскувачки материи.
Според ОјО, при претрес на домот на обвинетиот на 18 октомври, во фиока во плакар што се наоѓал во шупата, била пронајдена рачна бомба модел Ф1 од руско производство со експлозивно полнење од 60 грама тротил (ТНТ).