22.8 C
Skopje
Saturday, July 31, 2021

Апсолутна инспирација: Наставничка воодушевила со начинот на кој ги мотивира своите ученици

Најчитани вести

Наставничката од Охајо, Моник Вотерс споделила инспиративно видео и станала вистинска ѕвезда на социјалните мрежи. Нејзиното видео би требало да го погледне секое дете, но и секој наставник.

Во видеото таа рецитира мотивациска песна која станала вирална, бидејќи фановите ја засакале нејзината позитивност и ентузијазам. Според тоа што го напишала, ова станало секојдневна рутина со децата и овие зборови и служат како мала дневна мотивациска сесија. Како што вели, тоа одредува со каков тон ќе започне нивниот ден.

“Силен сум”, “Талентиран сум” и “Посебен сум”, се само некои од позитивните работи кои наставничката ги изговара, а потоа учениците повторуваат.

На крајот заедно заклучуваат: “Можам се да постигнам”.

Видеото е прегледано повеќе од 76.000 пати, а многу луѓе се согласиле дека и самите треба така да го започнуваат денот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести