14.8 C
Skopje
Wednesday, September 22, 2021

Апсење во Будва, три лица планирале убиства

Најчитани вести

Данските државјани Р.Х. (36), Ф.Т.Р. (37) и Л.П. (24) и М.Р. (28) од Андријевица, со престој во Данска, биле уапсени синоќа во Будва, под сомнение дека подготвувале извршување тешки кривични дела, најверојатно убиства, информираат тамошните медиуми.

Полициската управа официјално објави дека уапсените изнајмиле четири стана на различни локации во Будва.

Уапсените изнајмиле станови на повисоки катови, со цел, како што информираат од полициската управа, истите да имаат подобар преглед за извршување кривични дела.

Синоќа полицијата претресе неколку станови во згради во центарот на градот, на најфреквентните улици.

Полициските служби објаснуваат дека криминалистичката полиција во Будва, преку меѓународна полициска соработка со полицијата на Кралството Данска и со посредство на Интерпол, Подгорица, по неколкудневни набљудувачки активности во областа Будва, идентификувала три лица, дански државјани и едно лице со црногорско државјанство.

„Поради сомневање дека овие лица престојуваат во градот за да планираат и извршуваат најтешки кривични дела, во соработка со Вишото државно обвинителство во Подгорица и истражниот судија од Котор, како и службениците на Специјалното одделение за полиција, добиени се наредби за претрес на станови и изнајмени возила што ги користеле овие лица“, информираат од полициските служби.

Од спроведените претреси биле пронајдени повеќе средства за комуникација, пиштол со рамка и шест парчиња муниција, рачна радиостаница, одредена количина наркотици, како и дрон. Покрај тоа, во изнајменото возило е пронајдена одредена количина експлозив, како и детонирачки капачиња, соопшти полицијата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com