Хрватската полиција и Канцеларијата за сузбивање корупција и организиран криминал (УСКОК) викендов спроведоа голема акција, во која се уапсени повеќе лица.
Тие се уапсени за, како што се сомничи, злоупотреба и перење пари на штета на ИНА.
Како што објави Јутарњи лист, станува збор за кривични дела злоупотреба и перење пари на штета на ИНА, а се уапсени луѓе во Загреб и во сплитско-далматинската област.
Во тие незаконски дејствија, според сомнежите на истражителите, ИНА е оштетена за огромна сума.
Наводно, штетата е повеќе од 13 милиони евра.