33.8 C
Skopje
Tuesday, August 3, 2021

Апсења во Велика Британија поради хакирање на телефоните на јавни личности во САД

Најчитани вести

Британската полиција вчера уапсила осум лица во рамките на истрагата за хакирање мобилни телефони на американски јавни личности и за кражба на нивните пари и лични информации.

Осомничените, на возраст од 18 до 26 години, се уапсени во Англија и Шкотска и им се заканува судење за проневера и за перење пари, а на еден од нив му се заканува и екстрадиција во САД.

Меѓу жртвите на нивните хакерски напади во 2020 година има „инфлуенсери“, спортски sвезди, музичари, чии имиња не се откриваат, соопшти британската Агенција за борба против организираниот криминал (НЦА).

Истрагата ја спроведоа британски иследници во соработка со ФБИ и американската тајна служба. Тие откриле мрежа на сторители од Велика британија кои дошле до телефонските броеви на нивните жртви и ја „презеле контролата“ над нивните апликации и лични сметки со промена на нивните лозинки.

Успеале од жртвите да украдат пари, биткоини и лични податоци и да провалат на нивните акаунти на социјалните мрежи.

За да го направат ова, хакерите прибегнале кон техниката наречена „SIM swapping“, што се состои во замена на кодот на СИМ картичката во телефонот со код на друга картичка управувана од крадци, кои на тој начин ги преземаат сите податоци од телефонот.

Ова ја искористува слабоста на системот за мобилна телефонија во кој се користи замена на лозинката за СИМ-картичката кога некој ќе го изгуби телефонот или кога ќе ја пренесе услугата на некој друг и сака да ги задржи сите податоци од стариот.

Истовремено, потребно е хакерот да ги ископа основните податоци за својата жртва и да ги искористи за да го убеди операторот на мобилна телефонија дека тој е сопственик на бројот со кој го менува СИМ-кодот. Не е исклучена и соработката на дел од вработените во компанијата за мобилна телефонија со измамниците, кои откако ќе ја преземат контролата над уредите и нарачките внесени во нив, ги добиваат парите на своите жртви.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести