13.8 C
Skopje
Sunday, September 19, 2021

Апликација на „Google“ станува конкурент на „WhatsApp“ и „Viber“

Најчитани вести

Компанијата „Гугл“ соопшти дека најновата генерација на апликацијата за лични пораки, Messages, за корисници на „Андроид“ во САД, ќе биде збогатена со Rich Communication Services (RCS).

Ова значи дека апликацијата за пораки, која обично се смета за наследничка на традиционалните СМС-пораки со проширени можности, всушност станува конкурент на апликации како „ватсап“ и „вибер“.

Нејзините нови можности се да поддржува континуиран прием и испраќање пораки, како и можност за испраќање и примање фотографии, видеа и стикери со висока резолуција.

Покрај тоа, RCS носи и дополнителни можности како додавање и отстранување на луѓе од разговори или промена на името на разговорот поради полесна навигација, пренесува „Танјуг“.

Новите ознаки доаѓаат како бесплатна надградба на апликацијата „Messages“ , која обично доаѓа како претходно инсталирана на повеќето уреди кои користат „Андроид“, а може и да се преземе бесплатно од „Гугл плеј стор“.

„Гугл“ најавува дека проширените функции ќе бидат достапни и во други земји до крајот на годината.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com