Home » Апелација ќе одлучува дали Мијалков ќе лежи 12 години затвор за прислушувањето во УБК  

Апелација ќе одлучува дали Мијалков ќе лежи 12 години затвор за прислушувањето во УБК  

by Журнал.мк

Денеска во Апелација ќе се оддржи јавна седница за случајот „Таргет и Тврдина“, односно за масовното нелегално прислушување во УБК и уништување на опремата за следење на комуникациите.

Меѓу осудените се и екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, како и вработени во МВР и УБК.

Поточно, второстепениот суд ќе ги разгледа жалбите на осудените со првостепената пресуда и може да ја потврди пресудата, да ја преиначи или да ја укине и да ја врати на повторно одлучување.

Пресудата на Кривичниот суд за „Таргет и Тврдина“, беше донесена лани во февруари, а со која порашниот директор на УБК, Мијалков, беше осуден на 12 години затвор, Јанкулоска на 4 години, Никола Бошковски и Горан Грујовски на 15 години, Тони Јакимовски на 6 години, Надица Николиќ на 3 години

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More