7.8 C
Skopje
Monday, December 6, 2021

Апелација ја пуштила Јанева во домашен притвор поради влошена здравствена состојба

Најчитани вести

„Околностите дека обвинетата е жена и самохрана мајка, сама се грижи за своите деца, нејзината здравствена состојба е многу влошена и потребни и се подобри услови заради зачуваување на нејзиното здравје да прима редовна медицинска терапија и да има хигиена во домашни услови, а по потреба да посетува и специјалист, укажуваат дека се исполнети условите за замена на мерката притвор со куќен притвор и за истите советот на овој суд оцени дека се основани и во конкретниот случај исполнети се законските услови за укинување на притворот и определување куќен притвор и мерки на претпазливост спрема обвинетата“ се наведува во решението.

Освен куќен притвор, на екс шефицата на СЈО и се забранува комуникација со лица опфатени во кривичното дело, како и употреба на телефони и останати средства за комуникација.

„Се определува надзорот над куќниот притвор да го спроведува МВР при што овластените службени лица од подрачната полициска станица во одредени временски интервали, ненајавено во текот на 24 часа, ќе го проверуваат присуството на обвинетата во нејзиниот дом, а за секое непочитување на решението од страна на обвинетата надлежната полициска станица е задолжена веднаш да го извести Основниот кривичен суд Скопје,“ пишува во решението на судот.

Одлуката со негодување ја прими шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, која на судиите од апелација им порача дека „ќе ги истресе од гаќи“ со финансиска истрага, СМС порака која ја подели јавноста, дали обвинителката вршела или не притисок со тоа.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com