Home » Апелација му ја намали затворската казна од 18 на 8 години на велешанецот кој прегази дете на пешачки

Апелација му ја намали затворската казна од 18 на 8 години на велешанецот кој прегази дете на пешачки

by Журнал.мк

Апелациониот суд од Скопје му ја намали затворската казна на возачот Ангелче Николов од Велес, од осумнаесет на осум години затвор. Оваа информација ја потврдија од Основен суд Велес.

Николов во пијана состојба на пешачки премин смртно повреди 11 годишно дете, Магдалена Иванова и му се судеше за две кривични дела „Тешки дела против безбедноста на луѓето“ и за „Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“. Со телесни повреди се здоби и мајката на девојчето.

Сообраќајката се случи на 17-ти декември лани во 22 часот и 17 минути, на пешачки премин близу ОУ „Васил Главинов“. По сообраќајката, возачот Николов побегна од местото на настанот и 37 часа се криеше во населба Превалец. Вештачењето покажало дека возачот, критичната вечер, во моментот кога се случила несреќата возел под дејство на алкохол и со брзина двојно поголема од дозволената на тоа место. Згора на тоа, сообраќајката се случила на обележан пешачки премин.

Во моментите кога го возел автомобилот „Мерцедес“ тој имал забрана за управување на возило. Николов призна вина за сторената сообраќајка, со смртни последици.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More