5 C
Skopje
Saturday, March 6, 2021

Анџелина Џоли: Разводот со Бред Пит е животна лекција за моите деца

Најчитани вести

Актерката Анџелина Џоли во едно нејзино неодамнешното интервју за францускиот магазин Madame Figaro откри дека разделбата со нејзиниот поранешен партнер Бред Пит е нешто што сака да им го пренесе на своите деца како животна лекција. Таа открива колку ѝ било тешко да го преброди и надмине разводот и не сака нејзините деца да го доживеат истото што го доживеала и таа.

„Разделбата со Бред Пит е нешто што навистина ми падна тешко во животот. Не сакам и моите деца да го поминат она што го доживеав јас во животот. Доживеав работи кои ги открив и преку моите здравствени проблеми. Кога ќе ви се случат работи  што јас ги доживеав, ќе сфатите колку навистина сте среќни што сте живи“, вели Џоли.

Актерката открива дека разводот со Бред е нешто кое што ѝ паднало тешко во животот и на моменти не можела да се препознае себеси.

„Разводот беше многу комплициран на почетокот. Пред крајот на мојата врска со Бред не можев да се препознаам себеси. Како да изгубив дел од себе. Станав неважна личност иако тоа не го покажував јавно. Но, длабоко во мене бев тажна и повредена“, изјавила Џоли, која пред три години се разведе од Бред Пит.

Пит неодамна во едно од своите интервјуа за „Њујорк тајмс“ изјавил дека една од причините за крајот на нивниот брак е неговата зависност од алкохолот. Тој и Џоли имаат шест деца, Мадокс (18), Пакс (15), Нокс (11), ќерките Захара (14), Шајло (13) и Вивиен (11).Текстот Анџелина Џоли: Разводот со Бред Пит е животна лекција за моите деца е превземен од Reporter.mk.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести