13 C
Skopje
Saturday, May 8, 2021

Анџелина Џоли „во слободно време“ работи за CIA

Најчитани вести

Неочекувана друга сттана на популарната актерка

Анџелина Џоли е секако една од најпопуларните актерки во Светот, а покрај забележителните филмски улоги, таа го привлекува вниманието на јавноста и со својот приватен живот, кој е сè само не досаден. Затоа не е изненадувачки што оваа 45-годишничка речиси секој ден е предмет на таблоиди ширум Светот. In Touch сега пишува дека Анџелина има друга работа – работа на таен агент на CIA.

Имено, споменатиот медиум пишува дека Анџелина, кога не глуми, всушност е таен агент на споменатата агенција. Ова, уверуваат, е овозможено со различни улоги во бројни филмови, вклучувајќи го и хитот „Господин и госпоѓа Смит“, во кој таа се појави со нејзиниот сега веќе поранешен сопруг Бред Пит.

Тука се и трилерот „Туристот“, акциониот филм „Салт“ и многу други. „Секако, постои поголема поврзаност со CIA, освен играње агент во филмови“, започна неименуван извор, наводно близок до легендарната актерка. Покрај тоа, додава изворот, консултант од разузнавачка агенција со која Анџелина соработувала за улога во филмот „Салт“, во кој заговорот се врти околу CIA, наводно тврди дека актерката била многу детална со прашања, по што тие ѝ понудиле „работа“ на агент.

„Има волја да учествува во тајни операции. И сите знаеме дека CIA работела со познати луѓе во минатото. А, ако размислите кој би бил идеален за таа улога денес – Анџелина би била прва на таа листа“, заклучува изворот.

Инаку, Анџелина беше во центарот на вниманието и овие денови, кога инсајдер за странски медиуми откри дека поради нејзината сè послаба фигура, сега поранешниот секс симбол носи – детска облека. „Немојте да се изненадите ако ја видите Анџелина облечена како девојче“, се зборовите со кои гореспоменатиот таблоид ја претстави оваа приказна. Според нивните тврдења, детската облека сега е нешто што ѝ одговара најдобро, бидејќи таа тежи 43 килограми. „Изгледа како вреќа со коски. Во моментот кога тежината е опасна. Нема начин да се балансира нејзината исхрана, нејзиниот сон не е добар, а стресот е сè уште на високо ниво “, изјави анонимен извор. Како што истакнува, состојбата никогаш не била полоша. Тие дури и ја споредија со скелет, кој се крие зад облеката на нејзините деца.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести