12.8 C
Skopje
Sunday, September 26, 2021

Анџелина има ново момче?

Најчитани вести

Разводот со Бред Пит за Анџелина Џоли се уште не е близу до крајот. Експертите предвидуваат дека целата постапка ќе трае со години, поради големите суми на пари кои и двајцата ги вложуваат во правните тимови. И, додека Бред се бори со своите маки затоа што Анџелина сака сосема да го преземе старателството над неговите деца, таа наводно веќе фрлила око на друго момче. Според таблоидот New Idea, по пет години, Џоли си најде нов партнер, диџејот Дипло. Неименуван извор тврди дека Џоли и Дипло неодамна биле видени на состанок на приватна забава во Лос Анџелес. Дополнително, Дипло додаде масло на огнот на шпекулациите, кога објави фотографии од ноќното излегување во Instagram Stories, во кои е и Анџелина.

DJ Diplo

New Idea сега тврди дека Џоли веќе го запознала диџејот со своите шест деца, 19-годишниот Медокс, 17-годишниот Пакс, 16-годишната Захра, 14-годишната Шајло и 12-годишните близнаци Вивиен и Нокс. Сите, наводно, го обожаваат Дипло. „Децата мислат дека тој е бог, па нема сомнение дека ќе ја одобрат новата врска на нивната мајка, особено сега кога таа конечно се опушти малку. Сето тоа траеше толку долго, и разводот и lockdown заради коронавирусот и никој не е изненаден што таа си дозволи малку опуштање“, изјави неименуван извор.

DJ Diplo

Колку се точни тврдењата на таблоидот, тешко е да се открие. Сепак, во своите изјави Џоли остро негираше дека размислува за нова врска или партнер. Таа исто така неодамна за Вог изјави дека сè уште се опоравува од разводот и дека е зафатена со воспитување деца.

angelina jolie

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com