15 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Анџелина за Бред: „Беше тешко. Живее сега на пет минути од мене“

Најчитани вести

Актерката Анџелина Џоли (45) во интервју за Вог зборуваше за нејзината врска со актерот Бред Пит (56), со кого е во процес на развод од 2016 година. Таа истакна дека таа и Бред сè уште живеат блиску еден до друг.

  • Сакав децата да бидат близу до нивниот татко, кој е на само пет минути. Почувствував притисок да се преселам тука – изјави Анџелина, која има шест деца со актерот.

Живее во пространа палата во Лос Анџелес со шест спални соби и десет бањи.

  • Она што најмногу ми се допаѓа е што нема простор за забава, туку многу патеки и места за одење и размислување. Среќна сум што го имам во моментот – рече таа.
  • Не знам. Изминатите неколку години беа доста тешки. Јас се фокусирав на заздравување на нашето семејство. Полека се враќам, како топење на мразот и крв што се враќа во моето тело. Но, јас не сум таму. Се надевам дека ќе бидам. Планирам да го сторам тоа – истакна Џоли.

Она што дополнително ја комплицираше нивната врска беа односите на Бред со моделот Никол Потуралски (27). Но, таа е во брак и има седумгодишен син Емил. Но, Бред и Никол раскинаа.

24sata


Џоли додаде дека чувствува дека и недостигаат вештини за да биде традиционална мајка која останува дома. Функционира затоа што нејзините деца многу и помагаат. Но, се чувствува пријатно откако наполни четириесет години.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести