Анџела Прајс Агелер ќе биде новата амбасадорка на САД во Македонија
Прајс Агелер ќе ја замени актуелната амбасадорка на САД во земјава, Кејт Мари Брнз откако Белата куќа објави список со имиња кои претседателот Џо Бајден ги номинираше за амбасадорските места на САД во неколку држави, меѓу и за Македонија.(https://www.whitehouse.gov)
Анџела Прајс Агелер е дипломатка од кариера, таа и претходно работела во амбасадата на САД во Македонија како службеничка за односи со јавноста во американската амбасада во периодот кога амбасадори беа Рикер и Волерс, а досега била и в.д. амбасадорка и заменичка на амбасадорот во Исламабад, Пакистан.
Таа претходно работела и како советник за односи со јавноста во амбасадата на САД во Париз, Франција, а била и на дипломатски задачи во американските амбасади во Буркина Фасо, Унгарија, Виетнам, како и во конзулатот во Ченај, Индија.
Идната амбасадорка на САД во земјава покрај англиски зборува и француски, македонски и хинди.
Прајс Агелер, по потврдувањето на нејзината номинација во Сенатот, ќе дојде на местото на Кејт Мари Брнз, која беше назначена за амбасадорка во Скопје во мај 2019 година.