17.8 C
Skopje
Thursday, September 23, 2021

Анчелоти: Очекувам силна Серија А но верувам дека ќе се бориме за титулата!

Најчитани вести

Наполи новата сезона во Серија А ќе ја отвори со гостувањето кај Фиорентина закажано за утревечер. По потврдата за трансферот на Лозано, тренерот на Наполи, Карло Анчелоти потврди дека апетитите се големи и со нетрпение го очекува стартот на сезоната.

„Се надевам дека оваа година ќе се бориме за титулата во Италија, иако многу клубови добро се засилија. Мислам дека пред нас е година на развој и верувам дека ќе биде подобри од минатата година.“ – изјави Анчелоти.

Според последните најави од Италија, нашиот репрезентетивец, Елиф Елмас ќе биде на клупата за резерви за утрешната пресметка со „виолетовите“ во чиј состав се очекува да дебитира Франк Рибери.

„Јас сум убеден во нашите квалитети и верувам дека сме посилни од лани. Потребно е само добро да соработуваме. Гледано во однос на предходно, трансфер пазарот е се потежок и за учество. Оваа година Серија А ќе биде со зголемена конкуренција. Тука се Јувентус и стабилниот Интер. Рома и Милан имаат нови тренери. Аталанта ја задржи структурата а не смееме да го заборавиме и Лацио. Сигурен сум дека ќе имаме силна конкуренција.“ – објаснува Анчелоти.

Извор: Дриблинг

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com