Во една најчудниге средби на великаните на европскиот фудбал, Ливерпул и Реал Мадрид, „кралевите“ се вратија од 2-0 и го совладаа трофејниот клуб од градот на Битлси со 2-5. Карло Анчелоти добива комплименти од сите страни, а тимот кој требаше да изгледа уморно по многубројните натпревари годинава, блесна во вториот дел и со три гола, се чини, ја заврши работата за место во четвртфиналето.
„Кога ќе видите како почнал натпреварот, ова што го направивме вечерва е чудесно. Сепак, ние никогаш не ја губиме главата, самодовербата и смиреноста. Малку по малку ја освоивме топката и зададовме „удари“. Домашните фудбалери ни создадоа многу проблеми во одбраната, но ние бевме подобри во нападот.
Нема да полетаме. Уште не сме во четртфиналето и нема да го потцениме Ливерпул и на реваншот“, рече Анчелоти.
Последен пат Ливерпул вака некој го понижил на „Енфилд“, Арсенал во Лига Купот на Англија, кога пред неполна деценија славеше со 3-6.