11 C
Skopje
Sunday, February 28, 2021

„Анчелоти за Елмас само ни рече: ‘Купуваме страшен играч кој ќе биде новиот Хамшик’“

Најчитани вести

Македонскиот бисер Елиф Елмас синоќа официјално пристигна во Наполи, откако ги комплетираше медицинските прегледи во Рим, па од денеска почнува со тренинзи во италијанскиот вицепрвак и подготовка за новата сезона во Серија А и Лигата на шампионите.

Елмас во Неапол дојде како голема ѕвезда, навивачи го дочекуваа и на железничката станица од доаѓањето од Рим, а потоа и пред тренинг-центарот во Димаро, поздравувајќи го суперталентот, како што сите медиуми од Неапол го претставија.

Двајца новинари од Неапол открија како Карло Анчелоти им го претставил Елмас и колку големо засилување очекува искусниот стратег на наполитанците да биде екстраталентираниот македонски репрезентативец, кој сѐ уште нема 20 години.

„Јас не го знам Елмас, ама му верувам на Карло Анчелоти. Тој (Анчелоти – н.з.) само ми рече: ‘ако сакате да го споредуваме со некого, тогаш Елиф е нашиот нов Хамшик. Многу важен играч за нас’“, вели долгогодишниот новинар Карло Алвино, кој работи за „Калчо Наполи 24“.

Валтер Ди Маџо, пак, е новинар и директор на наполитанското радио „Кис, Кис“, кој во еден разговор со Анчелоти пред да се комплетира вчера трансферот на Елмас од Фенербахче дознал всушност каков фудбалер доаѓа под Везув.

„Анчелоти пред да се заврши овој трансфер на Елмас само ми рече: Наполи купува страшен и фантастичен фудбалер. Само брзо да се заврши целата работа со документацијата’“, вели Ди Маџо.

Очигледно е дека Анчелоти има големи планови со Елмас во следниот период.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести