14.8 C
Skopje
Tuesday, October 19, 2021

Анчелоти: Елмас е многу интересен фудбалер!

Најчитани вести

Тренерот на италијанскиот вицепрвак Наполи, Карло Анчелоти посочи дека доаѓањето на макеоднскиот бисер Елиф Елмас е многу близу и додаде дека фудбалерот на Фенербахче е многу интересен играч.

Анчелоти вечерва на прес-конференција откри дека очекува Елмас наскоро да му се приклучи на тимот и да почне со тренинзи во пресрет на новата сезона.

„Ептен сме близу до доаѓањето на Елиф и се надевам дека многу брзо ќе се заврши сѐ. Елмас е многу интересен фудбалер. Ги средуваме деталите и јас само се надевам дека ќе биде со нас пред да заминеме во Трентино.

Договорот на Наполи и Фенербахче е веќе завршен, а според најавите турскиот гигант ќе добие 16 милиони евра во две рати, плус 1,5 милиони евра после 50 настап на Елмас за наполитанците, а ќе им следи и процент од следната продажба. Елмас, пак, ќе потпише петгодишен договор и ќе има годишна плата од 1,5 милиони евра.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com