Home » Анчелоти даде оценка за двете засилувања и откри што ќе прави Реал до крајот на трансфер пазарот

Анчелоти даде оценка за двете засилувања и откри што ќе прави Реал до крајот на трансфер пазарот

by Журнал.мк

Карло Анчелоти одржа прес-конференција пред турнејата која ќе ја има Реал Мадрид во Америка, подготовки на кои италијанскиот стручњак порача дека главна цел ќе биде да се создаде добра атмосфера за двете летни засилувања, кои тој тврди дека ќе бидат и последни.

Реал ги потврди Антонио Ридигер и Орелијан Чуамени, па иако на средина на минатата сезона се најавуваше револуција во тимот, извонредните резултати и двојната круна во Ла Лига и Лигата на шампионите драстично ги променија плановите.

Анчелоти даде оценка за двајцата фудбалери на кои ќе се обиде да им го олесни престојот најбрзо што може, но откри дека Реал Мадрид го завршил летниот трансфер пазар и нема да купи ниту еден друг фудбалер, без оглед на тоа што се очекуваат неколку заминувања на играчи на кои не сметаат тој и неговиот стручен штаб.

– Двете засилувања кои ги добивме носат голем квалитет во тимот. На своите позиции се најдоброто што можевме да го најдеме на трансфер пазарот. Ридигер е врвен стопер и Чуамени е исто така врвен на својата позиција. Тој исто така е многу млад и има голема песпектива. Ќе ја искористиме оваа турнеја за да ги адаптираме на нашиот стил на игра најбрзо што можеме.

– Други засилувања? За нас се е завршено, нема да купиме никој друг. Задоволни сме од изгледот на тимот, – изјави Анчелоти.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More