Home » Антонија Гиговска блесна во креација на ЗЕРО потпишана од Огнен Анѓушев

Антонија Гиговска блесна во креација на ЗЕРО потпишана од Огнен Анѓушев

by Журнал.мк

Младата пејачка сензација Антонија Гиговска блесна во луксузна, светло сина креација со дијамантски сјај од модната куќа ЗЕРО, потпишана од модниот дизајнер Огнен Анѓушев.

Убавината и природната харизма на Антонија одлично се надополнија со смелиот италијански шарм и префинетата елеганција на вечерниот фустан, кој ја постави нашата млада ѕвезда во центарот на вниманието на прославата на  15-годишнината од најпознатиот телевизиски моден магазин „Бекстејџ“.

Антонија со задоволство ги носи моделите на ЗЕРО и беше една од првите наши јавни личности кои беа вклучено во промотивната кампања и продолжија да уживаат во новите креации на куќата ЗЕРО.

Брендот го води младиот дизајнер  Огнен Анѓушев, кој неодамна заврши моден дизајн во Милано, на еден од најдобрите универзитети за мода во светот, Институтот Марангони.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More