Home » Антониа Гиговска во златен аутфит на свадба, 1 месец по породувањето – со сопругот гушнати и вљубени

Антониа Гиговска во златен аутфит на свадба, 1 месец по породувањето – со сопругот гушнати и вљубени

by Lina Muslija

Антониа Гиговска и нејзиниот сопруг се на свадба – таа избра златен фустан со златен накит, а Роберт носи бела маичка. Гушнати и заљубени, тие уживаат во свадбената веселба.

Пејачката Антониа Гиговска воодушеви со својот изглед еден месец откако го роди синот Каин (14 јули).

Таа денес (18.08) е на свадба, и објавува фотки и видеа на својот Инстаграм – од подготовките во салонот на Даниел Николовски каде што се шминкаше и ја правеше фризурата до излегувањето пред зграда, каде што ги пречека народна музика, а таа и сопругот Роберт Спасенцовски се веселеа гушнати.

Антониа за свадбата избра златен фустан со златен накит, а Роберт носи бела маичка.

Пејачката, која пред само еден месец стана мајка, покажа дека изгледа одлично и дека се враќа во форма по раѓањето на бебето.

Само еден ден претходно, таа со сопругот беше во салон за тетовирање, каде што Роберт, кој во јавноста е познат под прекарот Џокер, на надлактицата си го истетовира името на синот и отпечаток од неговата нога.

Повеќе фотографии:

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More