23.8 C
Skopje
Friday, June 25, 2021

Антителата по заразата со коронавирус се присутни најмалку осум месеци

Најчитани вести

Антителата кои го неутрализираат Ковид се присутни во крвта најмалку осум месеци по инфекцијата, покажува италијанско истражување објавено денес.

Ова е точно „без оглед на тежината на болеста, возраста на пациентот или присуството на други патологии“, се вели во студијата спроведена од престижната болница Сан Рафаеле во Милано во соработка со Институтот за јавно здравје.

„Присуството на антитела, иако се намалува со текот на времето, е долготрајно: осум месеци по дијагностицирањето, само тројца пациенти од 162 (од кои 29 починаа) повеќе не беа позитивни на тестот за антитела“, прецизира студијата.

Покрај тоа, раното појавување на антитела е, како што е истакнато, „клучно за успешната борба против инфекцијата: оние кои не успеваат да ги произведат во првите две недели по инфекцијата, имаат поголем ризик од развој на тешки форми на Ковид-19.”

Благодарение на веќе користените техники за проучување на вакцините против ХИВ, истражувачите развија нов метод за проценка на антитела кои го неутрализираат SARS-CoV-2.

Студијата е спроведена на 162 пациенти со позитивна корона (67 проценти се мажи со просечна возраст од 63 години) кои дошле во службата за итни случаи во Сан Рафаело за време на првиот бран на пандемијата во Италија. Првите примероци на крв беа собрани за време на дијагнозата во март-април 2020 година, а последниот на крајот на ноември 2020 година.

Од овие пациенти, 57 проценти имале други патологии, главно хипертензија (44 проценти) и дијабетес (24 проценти).

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести