33.8 C
Skopje
Tuesday, August 3, 2021

Антиоксидансите го забавуваат стареењето и го намалуваат ризикот од многу болести: Во овие производи ги има!

Најчитани вести

Сигурни сме дека многу пати сте чуле за антиоксиданти, и дали знаете кои се тие и зошто се важни за нашето тело?

Антиоксидансите се молекули кои се наоѓаат во нашето тело и се прва линија на одбрана, а нивната главна улога е да го штитат организмот од слободните радикали.

Слободните радикали се соединенија кои предизвикуваат оштетување на телото и на крајот доведуваат до развој на болести.

Кога количината на слободни радикали ја надминува количината на антиоксиданти во телото, може да се развие состојба наречена оксидативен стрес и може да ја оштети ДНК, како и другите важни молекули во телото. Кога ДНК е оштетена, постои голем ризик од развој на рак. Покрај тоа, се покажа дека оксидативниот стрес е главен виновник за предвремено стареење.

Исто така, ако во организмот немаме доволно антиоксиданти, може да се појават болести како што се дијабетес, срцеви заболувања и карцином.

Нашето тело има одредена количина на антиоксиданти, но тие исто така се наоѓаат во одредена храна. Овошјето и зеленчукот се одлични извори, а витамините Ц и Е се ефикасни антиоксиданти.

Еве некои производи богати со антиоксиданси:

  • Суви сливи
  • Црно грозје
  • Боровинки
  • Капини
  • Јагоди
  • Малини
  • Сливи
  • Портокали
  • Грејпфрут
  • Цреши
  • Спанаќ
  • Брокула
  • Репка
  • Јаболка
  • Праски
  • Леќа
  • Банани
  • Манго
  • Лук и кромид
  • Грашок
  • Пченка
  • Компир
  • Домат
  • Моркови

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести