Зоолошката градина во Шведска вчера мораше привремено да ги затвори вратите откако еден од нејзините вработени беше убиен од антилопа, објавија локалните медиуми.
Човекот, кој бил од странство, по завршувањето на работниот ден во зоолошката градина ја одвел најголемата антилопа на светот, до шталите, пишува „Sky News“.
Инцидентот се случил во зоолошката градина и забавниот парк Оланд, кој се наоѓа на истоимениот остров на југозападниот брег на Шведска.
Тоа се третира како несреќа на работното место, соопшти полицијата, иако не е целосно познато што се случило во оградениот простор на домот.
Името и националноста на избодениот маж не се објавени.