Home » Антикризни мерки за намалување на трошоците во јавниот сектор

Антикризни мерки за намалување на трошоците во јавниот сектор

by Журнал.мк

Владата усвои нови антикризни мерки – овој пат ќе штедат и буџетските корисници. Преполовени се трошоците за спонзорства и репрезентации, забрането е купување на нов мебел и возила, а се ограничува и користењето на службените автомобили.

Овие ограничувања доаѓаат во предворје на најавениот ребаланс на Буџет – откако се најави дека преку штедење ќе се ослободуваат пари кои ќе се користат за веќе донесениот владин сет од 26 мерки за спас од економската криза.

„Мерките забрануваат започнување на нови постапки за набавка на мебел и возила, освен за неопходните активности по претходна согласност од Владата. Сите буџетски корисници и правни лица основани од државата, за 50% да ги намалат расходите за репрезентација, спонзорства и реклами, како и користење на службените возила задолжително. Јавните претпријатија и АД во државна сопственост да ги намалат тековните расходи за 15% и за тоа да ја известат Владата во рок од 15 дена.“ – велат од Влада на РСМ.

Сите оние кои нема да ја почитуваат одлуката ќе бидат санкционирани согласно законите. Премиерот Ковачевски вели дури и кога се правел Буџетот за 2022 година тековните трошоци се намалени за 8%, а мебел и автомобили биле предвидени само таму каде што е најнеопходно.

„Контролата ја врши Министерството за финансии кое има увид на дневна основа за нивното работење и трошоците, ЈП и трговските друштва во државна сопственост имаат обврска на три месеци да поднесуваат финансиски извештаи.“ – изјави Димитар Ковачевски претседател на Влада на РСМ.

Ребалансот на Буџетот веќе се крои министерствата, агенциите, институциите прават пресметки кој од каде и колку може да скрати. Од друга страна пак, Владата во услови на економска и енергетска криза одлучи да потроши близу 48 илјади евра за цвеќињата, 37 илјади евра на скап кујнски прибор како и скоро 40.000 евра за апетисани, пилешко месо и ролетни, а се бараа ф’стаци и лешници од прва класа.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk